Петар Печков
Објавено: среда, 20 јануари 2010
За да стигнете до неа мора да минете низ кругот на Крзнарата Димко Митрев. Изградена е на карпа што и дава посебна убавина и значење иако однадвор е тешко препознатливо дека тој е објект е црква. За жал и внатрешноста е без многу верски обележја, фреските се излупени и оштетени иконостасот е како така сочуван. Нема податоци кога таа е изградена, ниту кога фрескоживописана, кој е авторот на градбата и иконите. Од тоа што може да се види, и според црковните запсиси се претпоставува дека таа мошне стара, ако не и најстарата црква во градот, од византијско време изградена за потребите на населението од Стар Велес, кои живелo на Калето. До храмот бил изграден мост кој го спојувал населението од Калето со Пазарот. Црквата најмногу е оштетена при изградбата на пругата Солун Велес кон крајот на 19-тиот век. Во неа биле сместени мајстори, кои многу ја уништиле внатрешноста. Нејзината повшина е околу 16 м2 а висината 6 метри.
Името Маркова меана се поврзува со народното верување дека тука доаѓал, јадел и пиел Крале Марко, што наведува на времето кога таа е изградена. Црквата Св.Јован велешани иако малку ја знаат, бидејќи е скриена во кругот на фабриката, а ја посетуваат токму на овој ден Св.Јован крстител 20-ти јануари но и на 11-ти септември Отсекување на главата на Св.Јован крстител.